Брилијантниот настап на Коди Гакпо на Светското првенство во 2022 година ќе ја направи мала веројатноста ПСВ Ајндховен да може да го задржи до крајот на сезоната.
Според „Voetbal International“, офанзивниот играч за врска стана трансферна цел на Ливерпул. Во клубот од „Енфилд“ се подготвени да започнат преговори со претставниците на 23-годишниот фудбалер за да го привлечат во јануари, но ПСВ за својата ѕвезда ќе бара минимум 50 милиони евра. Пред почетокот на сезоната Гакпо беше блиску до договор со Манчестер Јунајтед, но преговорите влегоа во ќорсокак и „црвените ѓаволи“ го купија Антони од Ајакс. На „Олд Трафорд“ сепак не се откажаа од Коди и во него гледаат одлична замена за Кристијано Роналдо.
Гакпо има 9 гола и 12 асистенции во актуелната сезона на холандксиот шампионат. На Светското првенство во Катар, тој постигна по еден гол на трите натпревари на Холандија – против Сенегал, Еквадор и Катар.