Ливерпул е заинтересиран за белгискиот напаѓач од Наполи, Дрис Мертенс , пренесува „Тутомеркато“.
Договорот на фудбалерот со Наполи истекува во текот на летото. Информациите говорат дека во јули напаѓачот може да му се придружи на Ливерпул како слободен агент. Претходно беше објавено дека 32-годишниот напаѓач е интереен за Интер, Монако, англиските Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал.
Дрис Мертенс се пресели во Наполи од холандскиот ПСВ во летото 2013 година. Како дел од Наполи, Белгиецот стана освојувач на Купот на Италија и Супер купот на оваа земја. Оваа сезона, во Серија А, Мертенс одигра 21 натпревар и беше стрелец на 6 гола.