Во пресрет на прбиот меч на нашите одбојкари во новото издание на Златната лига 2023, еден од нашите интернационалци, Алаксандар Љафтов, вели дека мечот со Украина ќе биде тежок, но и голем предизвик за нашиот искусен тим.
„Викендов не очекува дуелот со Украина, натпревари за кои се подготвуваме веќе трета недела. Мислам дека сме подготвени, полни со желба и ентузијазам. Украина е силен противник, но ние сме искусна селекција, со нов селектор. Работиме можеби во досега најдобри услови, со многу желба на тренинг, дисциплина, и навистина верувам дека ќе направиме добри резултати“, вели Љафтов.
Дуелот со Украинците го играме во сабота во Лоѓ, Полска, и ќе биде прв од оние шест во групата со Хрватска и Белгија против кои ќе се обидеме да дојдеме до место кое може да не однесе и на Ф4 турнирот.