Македонскиот боксер Јасир Љама денеска ќе го има вториот меч на Светското првенство што се реализира во Белград.
Тој во вечерната програма во категоријата до 60 килограми ќе боксува со Абдулмалик Халоков од Узбекистан кој беше слободен во првото коло. Противникот на Љама е младински светски шампион во бантам од 2018 година и освојувач на златниот медал на младинските олимписки игри во Аргентина.
Вториот претставник на Македонија на Светското првенство, Арсим Етеми, откако беше слободен во првото коло, првиот дуел ќе го има на 30 октомври против Андреј Киријаков од Молдавија.