Дефанзивецот на Лидс, Диего Љоренте, ќе го замени повредениот, Америк Лапорте, во шпанската фудбалска репрезентација за стартот на Лигата на нации.
Лапорте се најде на списокот од 25 играчи избрани за првите четири натпревари закажани во почетокот на јуни. „Фуријата“ првиот меч од групата 2 ќе го одигра во Севилја на 2 јуни против Португалија.
Три дена подоцна следува меч со Чешка во Прага, како и гостување во Швајцарија на 9 јуни. Шпанија на 12 јуни во Малага ќе се сретне со Чешка.