Одбојкарската федерација на Македонија денес соопшти дека едно од најпознатите тренерски имиња во светот, Љубомир Травица ќе ја предводи машката сениорска репрезентација во квалификациите за Европско Првенство и Европската лига.
Травица е роден во 1954 година, како ограч има настапувано за репрезентацијата на Југославија на ЛОИ во Москва во 1980 година. А во неговата тренерска кариера има водено многу тимови.
Од ОФМ се надеваат дека со Травица на чело на нашата репрезентација ќе бидат постигнати историски успеси за нашата одбојка.