Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. Откако неговата екипа доживеа вчера убедлив пораз (5:0) од актуелниот шампион Шкупи, Марковски заминува од клупата на работнички.
Марковски поднесе оставка од морални причини. На куп-натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досешниот прв асистент Стојан Игњатов.
Љупчо Марковски – Калц пристигна во Работнички во месец јуни, откако претходно долги години работеше во Скопје. Сепак, резултатите на неговиот досегашен клуб не беа според планот. Работнички по шест одиграни кола во ПМФЛ има само една победа и поради тоа се наоѓа на десетто место на табелата.