Фудбалерот на Словачка, Станислав Лоботка, кој беше прогласен за играч на мечот со Белгија, вели дека и фортуната кумувала на победата против големиот фаворит во групата.
„ Можеби имавме и среќа. Излеговме со желба да победиме. Бевме блиску да ја испуштиме победата“ – вели Лоботка.
„Среќен сум поради наградата за играч на натпреварот, но посреќен сум поради нашиот триумф. Дефинитивно добро започнавме“ – потенцираше репрезентативецот на Словачка.