Фудбалерот на Челзи Рубен Лофтус-Чик заработи повреда на левата нога при победата со 3:0 над Њу Енгланд Револушн во контролата која се одигра во САД.
Лофтус-Чик лошо падна по еден воздушен дуел и ја напушти принудно играта во средината на второто полувреме. Поради повредата тој може да го пропушти финалето на Лига Европа против Арсенал кое се игра во Баку на 29 мај.
Рос Баркли беше стрелец на два гола за успехот на лондончани против тимот од МЛС, а Оливие Жиру даде еден гол со глава по асистенција на Запакоста. Аргентинецот Гонзало Игуаин успеа да ја погоди само пречката во првото полувреме.