Локатели ќе биде главна трансферна цел на Јувентус ова лето

0

Јувентус одлучи кој ќе биде главната трансфер цел за летниот преоден рок, објави „Калчомеркато“. Според изворот, клубот од Торино го смета за приоритетна задача за летниот преоден рок потписот на играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели.

Претходно беше објавено дека интерес за фудбалерот има од Манчестер Сити и Арсенал. Локатели ги брани боите на Сасуоло од 2018 година. Актуелниот договор помеѓу играчот и клубот завршува во 2023 година.

Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 28 натпревари од италијанската Серија А, на кои постигна три гола и две асистенции. Неговиот тим со 49 бода по 32 кола е на осмото место на табелата во Серија А. Вредност на овој 23 годишен фудбалер во моментов се проценува на 35 милиони евра.

Share.

Leave A Reply