Фудбалерот, Мануел Локатели, постигна гол во мрежата на Јуве како член на Милан на 22-ри октомври во 2016-та година а точно седум години подоцна на истиот ден, донесе победа за „старата дама“ токму против „росонерите“.
„Тој гол од пред седум години ми беше во мислите уште пред мечот. Ова навистина беше игра на судбината, неверојатно е дека постигнав гол на истиот ден, седум години подоцна но, со различен дрес“ – вели Локатели.
„Знаев дека е истиот датум, тоа го зборував со сите во семејството и затоа овој гол им го посветувам нив, – изјави играчот на Јувентус.