Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, останува на ставот дека му треба нов голман бидејќи Кепа Арисабалага не ги покажува потребните партии.
Според последните информации, „сините“ ќе се обидат да го ангажираат членот на Ајакс, Андре Онана, кој не крие дека е заинтересиран да ја продолжи кариерата во посилен шампионат. 23-годишниот репрезентативецна Камерун има тековен договор со гигантот од Амстердам за уште две години.
Во последните месеци се зборуваше дека за неговиот потпис е заинтересиран и тимот на Тотенхем а се споменуваше и Барселона.