Неколку медиуми денеска објавија дека челниците на Челзи планираат да го купат фудбалерот на Милан, Рафел Леао.
Португалскиот интернационалец се најде на мета на лондончани за нивната летна селекција и речиси сигурно ќе дадат понуда за него, тврди италијанскиот – „Calciomercato“.
Договорот на 25-годишниот играч вклучува откупна клаузула вредна 175 милиони евра. „Сините“ наводно стапиле и во контакт со агентот на фудбалерот за да ги дознаат неговите лични услови за да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

