Фудбалскиот состав Челзи сака да го испрати дефанзивецот Курт Зума во Севилја за да го ангажира играчот на шпанскиот состав, Жил Кунде.
Понудата на европскиот клупски шампон е 30-35 милиони евра плус 26-годишниот Французин. Според најавите, пак, Кунде ги прецизирал личните барања со „сините“ и ќе добие договор до 2026-та.
22-годишниот интернационалец од Франција во претходната сезона забележа 49 натпревари со 4 погодоци и 1 асистенција.

