Доцна вечер ќе се одигра одложениот натпревар од 26. коло на Премиер лигата меѓу Челзи и Тотенхем.
Лондонските екипи ќе играат на стадионот „Стемфорд Бриџ“ а главен судија ќе биде Роберт Џонс. Домаќинот ќе ги нема: Весли Фофана, Ромео Лавија, Рис Џејмс, Кристофер Нкунку, Леви Колвил, Лесли Угочукву и Бен Чилвел. Енцо Фернандез и Рахим Стерлинг започнаа со тренинзи но, не се знае дали ќе се појават денеска.
Тотенхем исто така има многу имиња во амбулантата: Фрејзер Форстер, Дестини Удоџи, Оливер Скип, Рајан Сесењон и Манор Соломон.

