Тренерот на Реал Мадрид Јулен Лопатеги го коментираше поразот со 0:1 како гостин кај ЦСКА Москва во дуел од групата „Г“ во Лигата на шампионите.
Според тренерот на Реал Мадрид кој го наследил Зинедин Зидан на клупата на Реал, неговата екипа немала среќа на оваа средба, а тоа било еден од основите фатори што загубиле во Москва.
„Ние создадовме многу шанси, напаѓавме на сите начини – по крила, низ центарот, шутираавме од далечина. Топката едноставно не сакаше да влезе во голот на противникот. За противникот натпреварот беше совршен – постигнаа гол во раната фаза од мечот и ја одржуваа предноста. Мораше целосно да се отвориме и да играме офанзивно, а противникот с еповлеќе и не ризикуваше за да не прими гол. Порано или подоцна ќе почнеме со постигнување на голови. Игравме одлично против Рома, за да можеме да победуваме потребно ни е да играме добро и да реализираме”, рече Лопатеги.