Новиот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги ги одржа првите тренинзи на чело на Реал Мадрид. Тој исто така ги сподели своите очекувања и амбиции за новата сезона.
„Треба да создадеме еден голем тим. За остварување на оваа цел треба да работиме многу. Во Реал има одлични играчи. За мене овој клуб отсекогаш бил посебен, бидејќи сум израснал во Мадрид, овде е мојот дом. Одговорноста е огромна, но радоста не е мала. Јас едноставно немам зборови да ги опишам моите чувства и впечатоците за одличните играчи и условите за работа што ги имам. Можеме да бидеме уште посилни. Очекувам моите играчи да напредуваат постојано. Ни останува малку време до 15 август, кога ќе играме во Суперкупот на Европа и затоа мора да се фатиме за работа веднаш”, изјави Лопетеги.