Поранешниот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги поднел тужба во судот во шпанската престолнина против поранешните работодавците, а предмет на жалбата е обештетувањето кое го бара Лопетеги во износ од 28 милиони евра, тврдат медиумите во Мадрид.
52-годишниот шпански тренер беше отпуштен од „Кралскиот клуб“ во октомври 2018 година. Лопетеги сака да му биде испалетн целиот износ кој му бил договорен како вкупен приход од плата. Поранешниот голман, исто така, изрази незадоволство што претседателот Флорентино Перез не му кажал за разрешувањето лично. Стратегот го предводеше тимот од јули 2018 година и тоа започна веднаш со скандал, напуштајќи ја репрезентацијата на Шпанија на ден пред почетокот на Светското првенство во Русија. Под негово водство, Реал Мадрид одигра само 14 натпревари.
Откако дојде до информациите, агентот на Лопетеги Карлос Бусеро ја отфрли потребата за ваков процес. „Раскинување на договорот меѓу Јулен Лопетеги и Реал Мадрид траеше пет минути со добри односи меѓу двете страни. Се беше внесено во договорот и нема потреба од никакво дело, кое што е во тек”, напиша Бусеро на „Твитер“.

