Шпанскиот селектор Жулиен Лопетеги ќе седне на тренерското столче на Реал Мадрид веднаш по светското првенство, објавија од клубот само два дена пред првиот натпревар на Шпанија против Португалија на Мундијалот.
Лопетеги потпиша тригодишен договор со европскиот шампион, кој неодамна останал без тренер по изненадувачкото заминување на Зинедин Зидан.
По сите шпекулации за наследникот на Зидан, Перез се одлучи да му даде доверба на актуелниот селектор на „фуријата“.