Новиот тренер на Реал (М), Хулен Лопетеги започна потрага по нови играчи кои можат да го засилат тимот во пресрет на следната сезона.
Според дел од информациите достапни од медиумите, шпанскиот специјалист сака да го види како дел од својот тим играч од средниот ред на Порто, Ектор Ерера.
Мексиканскиот репрезентативец би требало уште по завршувањето на СП да има средба со преставници на Реал, по што треба да се чека и клупскиот одговор од Порто. Договорот на фудбалерот со Порто е заклучно до летото 2019 година и, како што се очекуваше, Порто за него ќе бара околу 20 милиони евра.