Европскиот шампион Реал Мадрид се подготвува да направи трансфер на напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено. Кралскиот клуб сака да го донесе 27-годишниот Шпанец како замена за португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус.
Интересот за Морено е личен на тренерот на Реа, Лопетеги, кој инсистирал кај управата да направи се за да се обезнеди негов трансфер на „Бернабеу“ ова лето. Некои информации велат дека мадриѓани се подготвени да и платат на Валенсија 60 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, кој минатата сезона имаше 19 гола во 44 одиграни меча.