Јулен Лопетеги е уверен дека неговиот тим Севиља мора да покаже нешто невообичаено за да го победи Интер во финалето на Лигата на Европа кое се игра утре (петок) во Келн.
„Интер има карактеристичен стил на игра. Сите екипи предводени од Антонио Конте го имаат. Не е лесно толку одлични играчи да бидат вистински тим и да играат толку атрактивно. Нивниот состав е полн со играчи со исклучителен талент. Тие настапуваат повеќе од одлично, завршија само еден бод зад шампионот Јувентус во Серија А. Тие имаат многу одлични играчи и искусен тренер, ќе ни треба нешто необично да победиме“, изјави Лопетеги за официјалната веб-страница на Севиља.