Тренерот на Реал Мадрид, Хулиен Лопотеги, изрази задоволство од одличната игра и победа над Рома со 3:0 на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Иско, Бејл и Мариано Диаз стрелаа во победата на „кралевите“ кои годинава тргнаа по четвртта последователна титула во најсилното клупско натпреварување на планетава.
„Маријано се приклучи во тимот подоцна, но денес доби шанса и ја искористи. Сезоната е долга и секој ќе има доволно минути за играње. Мило ми е што покажавме добар фудбал. Очекував Рома да создаде проблеми, бидејќи тоа е многу вреден тим. Излеговме со вистинска игра и создадовме голем број шанси. Заслужено постигнавме три гола и победивме“, изјавил Лопетеги.