Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, очекува неговите фудбалери да ја прекина лошата серија и да забележат убедлива победа на денешниот меч со Викторија Плзен во рамките на третото коло во Лигата на шампионите.
Иако европскиот шампион нема победа во последните пет натпревари во сите конкуренции и освои само еден бод, Лопетеги е убеден дека кризата ќе заврши токму со денешниот натпревар на „Сантијаго Бернабе“ кој ќе започне во 21.00 часот.Тој на средбата со новинарите не сакаше да ги коментира сите наводи дека може да заработи отказ доколку „кралевите“ продолжат со бледите партии.
„Не обрнувам внимание на пишувањата, мојата работа е да ја подготвам екипата за наредниот натпревар. Реал е шампионски тим кој има има многу фудбалери кои си ја знаат работата. Шампионите секогаш се издигнуваат во најтешките моменти“ – рече Лопетеги.