Тренерот на Севиља, Јулен Лопетеги, ги истакна заслугите на голманот Јасин Боно во херојската победа од 2:1 против Манчестер Јунајтед во првото полуфинале од Лигата на Европа.
29-годишниот марокански чувар на голот на Севиља ги фрли во очај напаѓачите на „црвените ѓаволи“ во второто полувреме, кога Јунајтед изврши сериозен притисок. На крајот, , Севиља го постигна победничкиот гол и ќе игра за шестиот трофеј во ова натпреварување против победникот во второто полуфинале меѓу Интер – Шахтјор Донецк.
„Моравме да се бориме до последната секунда. Манчестер Јунајтед беше најдобриот англиски тим по рестартирањето на сезоната. Малку екипи покажуваат толку квалитетен фудбал во моментот. Во првото полувреме успеавме да ги контролираме, но по паузата Боно беше фантастичен и одиме понатаму затоа што верувавме во себе“, изјави Лопетеги.

