Манчестер Јунајтед победи со 2:1 над Реал (М) во синоќешниот меч на Интернационалниот куп на шампионите во САД кој се одигра во Мајами. Овој натпревар беше деби на новиот тренер на “кралевите” Лопетеги, кој на новата позиција тргна со пораз.
Во почетниот состав на “кралевите” имаше неколку млади играчи, а освен тоа во тимот недостигаа некои главните фудбалери како капитенот Рамос.
“Црвените ѓаволи” почнаа доста подобро и во 18-тата минута веќе имаа предност со голот на Алексис Санчез.
Во 27-тата минута екипата на Мурињо ја удвои предноста по погодокот на Ерера. Сепак во самиот финиш на првиот дел, мадриѓани го намалија водството на противникот преку Бензема.
До крајот на мечот резултатот остана непроменет.