Хулен Лопетеги ќе биде новиот менаџер на Вест Хем, објави Фабрицио Романо. 57-годишниот шпански стручњак од новата сезона ќе го замени Дејвид Мојс.
Лопетеги постигнал начелен договор со раководството на „чеканите“. Тој ја прифатил понудата на лондончани, а останува да се прецизираат ситни детали, по што ќе биде потпишан договорот меѓу двете страни.
Шпанецот неодамна беше на чело на Вулверхемптон, а претходно беше на чело на Порто, Реал Мадрид, Севиља и репрезентацијата на Шпанија.