Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги беше задоволен од победата од 2:0 над Рома и пласманот на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на Европа. Тој верува дека успехот над „волчицата“ беше целосно заслужен.
„Игравме против фантастичен тим кој има одлични играчи. Мислам дека нивниот тренер е одличен, но ние ја заслуживме победата со нашата одлична игра. Создадовме многу ситуации и во ниеден момент не бевме под притисок. Јас сум задоволен”, рече Лопетеги.
Во следното коло, неговиот тим ќе се сретне со Вулверхемптон.
„Треба да останеме мирни и да се опоравиме најдобро што можеме за да се концентрираме на следниот меч. Сè што постигнавме досега е да се пласираме во следната рунда“, додаде тренерот на Севиља.