Лорен Блан е фаворит за тренерското место во Валенсија. 54-годишниот тренер има подобра шанса од Марко Силва и Кике Санчез Флорес да ја водат екипата на Валенсија“.
Весникот Л‘Екип“ посочува дека Блан добро зборува шпански и ова е една од причините поради кое раководството на Валенсија гледа во него вистинската личност да го преземе тимот. На крајот на јуни, од „Местаља“ решија да го отпуштат Алберт Селадес.
Поранешниот играч од средниот ред беше назначен во септември 2019 година, наследувајќи го Марселињо. Селадес ја остави Валенсија на 9-то место на табелата во Ла Лига со 47 поени од 34 одиграни натпревари. Лорен Блан освои 3 титули во Франција со ПСЖ, но замина во 2016 година и досега нема водено друга екипа.