Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Енфилд“ иако неговиот договор е активен до летото во 2026 година.
На тоа со реакција излезе легендата на „црвените“, Марк Лоренсон, кој откри дека Германецот гради вила на Мајорка и веројатно планира да се релаксира на познатиот шпански остров.
„Не знам дали треба да ви кажам но, не е голема тајна. Клоп гради вила на Мајорка. Имам куќа во близина а пред некој месец се видовме и разговаравме“ – открива поранешниот дефанзивец на англискиот состав.