Eкипата на Тотенхем денеска ќе и гостува на Барселона во последното коло во фазата по групи во Лигата на фудбалските шампиони. Домаќинот има обезбедено пласман во наредната фаза додека англичаните водат мртва трка со Интер за второто место.
Тотенхем покрај тоа што ќе игра со шпанците ќе следи што ќе се случува и на вториот меч во групата меѓу Интер и ПСВ. Доколку Италијанците ги совладаат Холанѓаните, тогаш за четата на Покетино нема друг избор освен победа. Тренерот на Барса, Ернесто Валверде, најави дека ќе одмара дел од најдобрите фудбалери, но, дека меѓу нив не влегува Лионел Меси. Тоа го загрижува голманот на Тотенхем, Уго Лорис.
„Доколку Лионел Меси против нас ги изведува слободните удари како против Еспањол, тогаш не би можел ништо да направам. Го молам Бог да не добие слободен удар во зоната за удар“ – изјави Лорис.