Капитенот на Франција, Уго Лорис, објасни зошто тој и неговите соиграчи не клекнале пред мечот со Германија на Европското првенство.
Според голманот, тоа мора да го сторат сите или никој. Клекнувањето стана меѓународен гест во борбата против расизмот, но, таа практика не е многу популарна во одредени делови на Европа, особено на Исток. Екипите на Белгија и Англија решија да клекнат на колена, но, тоа беше проследено со негативни реакции од навивачите во Санкт Петербург и Лондон.
Според Лорис, еко-активистот со падобранот кој слета во Минхен токму пред мечот со „панцирите“ нема никаква врска со одлуката на „галските петли“.

