32-годишниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис, се надева дека неговиот тим ќе успее да го победи Ливерпул на 1 јуни во Мадрид и да го освои победничкиот пехар во Лигата на шампионите.
Францускиот интернационалец кој со „галските петли“ во 2018 година во Русија се израдува на Мундијалскиот трофеј, вели дека е крајно време неговиот тим да го покаже раскошниот талент и да се радува на трофејот.
„Горд сум што играм за овој клуб, тоа ми значи повеќе од капитенската лента. Знаеме дека во Лигата на шампионите има фантастична конкуренција и навистина треба да се надминеме за да стигнеме до успех во финалето. Треба да имате талент, тимски дух и да размислувате победнички за да ја остварите целта“ – изјави Лорис за официјалниот веб-портал на УЕФА.