Францускиот репрезентативен голман Уго Лорис е оптимист дека тој и неговите соиграчи можат да ја освојат титулата на СП во Русија, но призна дека треба да го подобрат својот квалитет на овој натпревар.
Лорис вчера не дозволи да прими гол од Уругвај, мечот заврши со 2:0 во четврт-финалето, а следниот ривал на Франција ќе биде Белгија.
„Верувам дека Франција уште еднаш може да стане светски шампион. Но, за да го направиме тоа, прво ќе мораме да ја победиме Белгија во полуфиналето. Ова е незгодна задача и треба да играме подобро во споредба со мечот против Уругвај. Не очекува дуел со одличен ривал, со фантастични играчи. Се надевам дека ќе бидеме подготвени“, рече Лорис. Белгија и Франција ќе се сретнат на 10 јули во Санкт Петербург.