Закрепнувањето на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси по повредата на бутниот мускул оди побавно од очекуваното.
Неговиот медицински персонал му забранил да игра со Валенсија на 15 септември, пренесува весникот „АС“.
За разлика од Меси, Луис Суарез ќе може да настапи на оваа средба. Аргентинецот се повреди на 5 август и ги пропушти првите три кола од Шпанското првенство. Неговото учество во првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите исто така е под знак прашање.
Минатата сезона, Меси одигра 50 натпревари за Каталонците, постигнувајќи 51 погодок и 22 асистенции.