Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе се опоравува од повредата на десниот зглоб околу три недели, соопшти клубот.
Така, тој сигурно испадна од плановите на Томас Тухел за четвртфиналниот дуел против Аталанта во Лигата на шампионите, што ќе се одигра на 12 август во Лисабон.

Мбапе се здоби со повреда за време на финалето во Купот на Франција против Сент Етијен, кој го доби неговиот тим со 1:0.
Покрај важниот натпревар против италијанскиот тим, тој ќе го пропушти и финалето од Лига Купот против Олимпик Лион кое се игра на 31 јули.

