Англискиот Арсенал ќе игра со шпанскиот Атлетико Мадрид а Олимпик Марсеј од Франција ќе се сретне со австрискиот Салзбург во полу-финалните пресметки во фудбалската Лига на Европа.
Ждрепката беше немилосрдна за „топчиите“ и „јорганџиите“ кои ќе мора да ги одмерат сили на само еден чекор пред големото финале. Двата тима во конкуренција на Олимпик Марсеј и Салзбург се наметнуваа како фаворити, но, сега еден од нив ќе мора да отпаден во последниот елиминациски филтер.
Првите мечеви во Лондон и на „Велодром“ ќе бидат одиграни на 26 април а реваншите на „Винсенте Калдерон’ и во Австрија се закажани за 3 мај. Големото финале во Лигата на Европа ќе биде реализирано на 16 мај на стадионот во Лион (Франција).