Претседателот на Лацио, Калудио Лотито, потврди дека фудбалерот Сергеј Милинковиќ-Савиќ, го замолил да му дозволи во текот на летово да го напушти клубот и да се пресели во екипа од Саудиска Арабија.
„Фудбалерот по осум години побара да си замине. Ако оди во Саудиска Арабија, тогаш мотивацијата доаѓа од парите. Се обидов да го задржам но, тој вели дека тоа е лична работа и сака да оди, што да правам? –вели Лотито.
Медиумите во Италија објавија дека понудата на Ал-Хилал до Лацио е 40 милиони евра.