Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, ќе му исплати на секој фудбалер по 400 илјади евра доколку биде освоена титулата во Серија „А“.
„Сино-белите“ од Рим сега се наоѓаат на петото место на табелата и заостануваат 9 бодови во однос на лидерот Милан. До крајот на сезоната остануваат уште 18 кола. Лотито решил да ги стимулира играчите и за добар настап во Лигата на шампионите во 1/8 финалната рунда против бранителот на титулата Баерн (Минхен).
Тој вети дека неговите играчи ќе делат бонус од вкупно 3 милиони евра ако го елиминираат тимот од Германија.
