Дефанзивецот, Дејан Ловрен, ќе се пресели од Ливерпул во италијанскиот состав Рома, објави „Лондонскиот вечерен стандард“.
Наводно, клубовите од Англија и Италија се согласиле за трансфер на Хрватот. Претходно, тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, го изостави Ловрен од составот за денешниот дуел со Челзи во Супер-купот на УЕФА.
Ловрен кој игра за Ливерпул од 2014 година досега има реалзирано повеќе од 100 натпревари. 30-годишниот дефанзивецот со хрватската репрезентација стигна до второто место на Мундијалот во Русија во 2018 година.