Хаиме Лозано повеќе не е селектор на Мексико. Според информацијата, двете страни ја раскинаа соработката по очајниот настап на репрезентацијата на Копа Америка.
„На Хамес Лозано и неговиот стручен штаб им беше понуден договор до 2030 година, каде во текот на 2024-2026 година ќе им се придружи поискусен селектор до нашето Светско првенство. Откако го анализираше предлогот, Хаиме Лозано не извести дека не сака да продолжи. Ја почитуваме неговата одлука“, објавија Мексиканците.
45-годишниот Лозано беше назначен за привремен селектор во јуни 2023 година, но подоцна неговата привремена позиција беше заменета за постојана.

