Денеска во Истанбул со ждрепка беа одредени групите за новата сезона во Лигата на шампионите. Оваа сезона во „групата на смртта“ се најдоа гигантите Баерн (М), Барселона и Интер каде како четвртти тим друштво ќе им прави Викторија Плзен.
Интересно е што две од најголемите трансфер саги ова лето, во групната фаза на ЛШ ќе мора да играат против своите довчерашни тимови. Левандовски со Барселона се враќа во Минхен против баер, а Ерлинг Халанд со Манчестер Сити ќе мора против својата Борусија (Д).
Наполи на Елиф Елмас е во група со Ливерпул, а Динамо (З) на Ристовски и Адеми ќе игра против Милан и Челзи.
