Вечерва ќе биде познат освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24. Во финалето на „Вембли“ во Лондон, ќе се соочат Борусија (Дортмунд) и фаворитот Реал Мадрид.
Борусија (Дортмунд) има еден трофеј од ЛШ и тоа од сезоната 1996/97. Од друга страна, Реал Мадрид дури 14 пати го освојуваше трфејот од своите 17 финалиња низ историјата на турнирот. Така денеска „кралскиот клуб“ ќе го брка својот 15-ти трофеј во ова натпреварување и доколку го освои ќе го подобри сопствениот рекорд.
Од 2012 година, двата тима имаат дури 10 меѓусебни дуели во Лигата на шампионите. Реал Мадрид има блага предност на овие натпревари со 4 победи, 3 нерешени и 3 порази.
ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ:
Борусија (Дортмунд): Кобел, Риерсон, Хумелс, Шлотербек, Маатсен, Кан, Забицер, Адејеми, Брант, Санчо, Фолкруг
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Начо, Ридигер, Менди, Валверде, Камавинга, Крос, Белингем, Родриго, Винисиус

