Денеска со ждрепката беа одредени двојките за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Мега-пресметката во четвртфиналната фаза ќе биде дуелот меѓу Челзи и Реал Мадрид, кои ќе одиграат римејк на минатогодишното полуфинале на турнирот.
Манчестер Сити напатот до полуфиналето ќе мора да се соочи со Атлетико Мадрид, додека Виљареал ќе игра против германскиот гигант Баерн Минхен.
Во последниот четврфинален дуел Бенфика во првиот меч на домашен терен го пречекува англиски Ливерпул.
Натпреварите од ¼-финалето се закажани за 5/6 април и 12/13 април, додека полуфиналето ќе се игра на 26/27 април и 3/4 мај.
The quarter-finals are set! ✔️
What’s your reaction to the draw?#UCLdraw pic.twitter.com/Je3NQHabuy
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 18, 2022