Денеска започнува претпоследната рунда во елитната фудбалска конкуренција на Стариот континент. Дел од екипите немаат натпреварувачки мотиви бидејќи обезбедија место во елиминацискиот дел додека повеќето состави токму преку последните две кола ќе се обидат да го продолжат престојот во Лигата на шампионите.
Еве го денешниот распоред по групи. „ А“ Галатасарај – Клуб Бриж (18.55) и Реал Мадрид – ПСЖ (21.00). Група Б Црвена Ѕвезда – Баерн Минхен и Тотенхем – Олимпијакос, двата меча ќе стартуваат во 21.00.
Во групата „Ц“ средбите во Англија и Италија ќе започнат во вечерниот термин. Манчестер Сити ќе игра со Шахтјор додека Аталанта ќе му биде домаќин на Динамо Загреб. Во групата „Д“ од 18.55 ч. составот на Локомотив Москва ќе го пречека Баер Леверкузен додека од 21.00 часот Јувентус ќе игра со Атлетико Мадрид. Сите дуели од Лигата на шампионите ќе можете да ги следите и на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

