Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ЛШ: ПСЖ го предизвикува Баерн, Тотенхем го напаѓа Милан
    Фудбал

    ЛШ: ПСЖ го предизвикува Баерн, Тотенхем го напаѓа Милан

    sasoBy saso08/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва ќе се одиграат уште два реванш дуели од осминафиналето на Лигата на шампионите. По Челзи и Бенфика, останува да видиме кои два тима по денешните пресметки ќе обезбедат пласман меѓу осумте најдобро во Европа оваа сезона.

    Баерн (Минхен) е домаќин на Пари Сен Жермен на „Алијанц Арена“ во еден од највозбудливите реванш натпревари од 1/8-финалната фаза од Лигата на шампионите. Баварците вечерва почнуваат со предност од 1:0 по одличниот  настап на првиот меч во Париз, предност која може да биде и пресудна на патот кон четвртфиналето. Од сезоната 2010/11, Баерн не е елиминиран од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, откако славел на првиот натпревар. ПСЖ ќе направи се за да избегне елиминација во осминафиналето по петтипат во последните седум сезони. Парижаните минаа во следната рунда само еднаш во претходните шест наврати во Лигата на шампионите каде што го загубија првиот натпревар.

    Милан, пак, вечерва гостува кај Тотенхем во реванш дуелот од осминафиналето. „Росонерите“ имаат мала предност од 1:0 по домашниот успех во првиот меч.

    Тотенхем е во обид да стигне до првото четвртфинале на турнирот од 2019 година, кога стигна до финалето каде загуби од Ливерпул со 2:0. Лондончани денеска ќе можат да сметаат и на поддршката од своите навивачи, како и на враќањето на нивниот менаџер Антонио Конте. на голот на МИлан се враќа Мањан, кој паузираше многу долго поради повреда, а во составот се и Томори и Исмаел Бенасер, кои исто така го пропуштија првиот меч поради повреди.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.