Фудбалскиот шампион на Македонија, Струга ТЛ загуби со 2:1 на домашен терен од екипата на Жалгирис и уште на стартот ги заврши настапите во квалифиакциите за Лигата на шампионите. Стружани поведоа на 15 минути пред крајот на реваншот во Охрид со голот на Ибраими од пенал, но дозволија само две минути подоцна да примат гол за израмнување.
Комплетниот пресврт гостите го направија со автоголот на Радиќ за само шест минути откако поведоа.
Место меч со Галатасарај, Струга ТЛ сега ја очекува преселба во Конференциската лига и пресметка со Будуќност од Подгорица.