Реал (М) и Ливерпул вечевра ќе бидат во центарот на вниманието на фудбалската јавност со реванш натпреварот од осминафиналето на ЛШ. По првиот меч Реал на гостувањето кај „црвените“ со пресврт дојде до фантастична победа од 5:2 и денеска на домашен терен ќе се обиде да ја сочува предноста и да се пласира во уште едно четвртфинале.
„Кралевите“ победија на шест од последните седум натпревари со Ливерпул, а само еднаш во 27 наврати не успеале да одат во следната фаза од европските купови, кога победиле на првиот натпревар на гостински терен. Мадриѓани немаат примено повеќе од еден гол на домашен натпревар од април минатата година, кога загубија со 3:2 од Челзи.
Карим Бенземасе враќа во тимот за денешниот дуел, заедно со Ферланд Менди, кој би можел да биде стартер на левата бековска позиција. Алаба кој се повреди на минатиот меч најверојатно денеска ќе остане на клупата. Ливерпул е без повредените Луис Дијаз и Тиаго Алкантара. Ситуацијата со тимот се искомплицира откако капитенот Џордан Хендерсон и Стефан Бајчетиќ го пропуштија вчерашниот тренинг. Двајцата ќе го пропуштат натпреварот во Мадрид.
Наполи го пречекува Ајнтрахт (Ф) со предност од 2.0 која ја обезбеди на гостувањето во Германија. Овој резултат ги става наполитанците во улога на фаворит, откако од 2017 година не се поразени во ЛШ на својот стадион. Од 2013 година имаат само еден пораз со повеќе од три гола разлика пред своја публика.
Ајнтрахт има сериозни проблеми со составот за овој дуел што може да биде уште еден минус за нив. Францускиот интернационалец Рандал Коло Муани беше казнет за црвениот картон од минатиот меч, а Јеспер Линдстром е повреден. Ерик Ебимбе дури вчера се врати на тренинзите и не е јасно дали ќе може да игра вечерва.