Романската фудбалска федерација планира да одвои два милиона евра и да ја финишира сезоната во турскиот туристички центар- Анталија кој го користат многу клубови додека ги реализираат зимските подготвки.
На последната видео-конференција која ја организираше романската федерација била изнесена идејата во текот на работната недела со чартер-летови сите клубови да одат во Анталија за да ги доиграат мечевите во јуни и јули и така да ја завршат сезоната.
Планот на Романците е дефинитивно еден од најчудните што се појавил во перидот на пандемијата кога многу федерации се обидуваат да испланираат како да ги завршат првенствата.

