Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, може да го замени Антонио Конте во Челзи, објави весникот „Спорт“.
Раководството на лондонскиот клуб се надева дека 48-годишниот Шпанец ќе прифати да седне на кормилото на тимот и да се обиде да го однесе Челзи во Лигата на шампионите. Минатата сезона, „сините“ завршија на петтото место во Премиер Лигата и ќе играат во Лигата на Европа.
Луис Енрике ја водеше Барселона во периодот од 2014 до 2017 и под негово раководство каталонците еднаш триумфираа во Лигата на Шампионите и двапати станаа шампиони на Шпанија.